Македонија
22. February 2020 - 16:50

Планинарски марш во Струмица, во чест на Борис Трајковски

Со планинарски марш,  планинарите веќе 15 години му оддават почит на загинатиот претседател Борис Трајковски. Годинава,  во негова  чест маршираат 15 планинари од  Струмица, Радовиш, Гевгелија и Штип. Како и секоја година стартуваа  од Струмица,  од пред споменикот на претседателот Трајковски, а крајната цел е неговото вечно почивалиште каде треба да пристигнат на 26 февруари на одбележувањето на 16 годишнината од загинувањето. За пет дена ќе поминат патека од 200 километри.

На маршот има и планинари кои учествуваат од неговиот почеток. Меѓу нив е и 75 годишниот Иљо Митровски од Радовиш.

Планинарскиот марш во чест на Борис Трајковски и оваа година се одвива во два дела. Вториот дел е на планината Беласица.