Loading Video...
Тенис
3. November 2019 - 16:50

Петти триумф на Ѓоковиќ во Париз

Србинот  Новак Ѓоковиќ петти пат во кариерата победува на Мастерсот во Париз. 
 
Тој во финалето лесно за само 68.минути го доби мечот против Канаѓанецот, Денис Шаповалов  и во двата сета со 6-3 и 6-4. 
 
За Ѓоковиќ ова е вкупно 34-та титула на Мастерс турнирите, но тој од утре ќе му го препушти првото место на Шпанецот, Рафаел Надал кој вчера поради повреда го предаде полуфиналниот меч. 
 
Доколку Ѓоковиќ сака годината да ја заврши на првата позиција на АТП листата ќе мора на завршниот Мастерс во Лондон, да стигне барем до финалето.