Македонија
28. January 2022 - 16:41

Петков најави дека во петок заеднички ќе се чествува Гоце Делчев во Скопје

Следниот петок Македонија и Бугарија заеднички ќе ја одбележат 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. 

Додека историската комисија се уште преговара за ова прашање, бугарскиот премиер Петков денеска пред бугарските пратеници потврди дека ова е еден од договорите постигнати со премиерот Ковачевски во рамки на заедницата владина седница. 

Димитар Ковачевски е една недела премиер на Македонија и од тие осум дена, четири ги помина со бугарската Влада, вели Петков.

Петков и Ковачевски се договориле и дека е само прашање на време кога македонските Бугари ќе бидат впишани во македонскиот Устав. За рокот се уште се преговара.

Важно е бугарското малцинство во Северна Македонија да биде признаено преку измени на нивниот устав, но тоа нема да биде доволно. Поважно е во текот на преговорите за членство во ЕУ секоја манифестација на говор на омраза или дискриминација да биде разбиена во текот на овој процес и елиминирана“, додаде Петков.

На тезите на Петков најжестоко реагираше пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи. Захариева го потсети Петков дека темите и секторите за кои Македонија и Бугарија потпишаа меморандуми не го решаваат реалниот проблем кој го имаат двете земји. Петков доби и пријателски совет.

Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете летвата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате. Ова е пријателски совет, а не непријателски рече Захариева.

И од собраниската говорница Петков повтори дека Бугарија нема да ги менува своите членови од историската комисија. 

Според договореното на првата меѓувладина седница веќе до март се очекува да биде пуштена авионската линија Скопје-Софија, до крајот на годината да бидат завршени и 13-те километри од бугарска страна кај граничниот премин Клепало, а интензивно се преговара и за железничката линија.