Кошарка
26. October 2020 - 9:10

Пет Рајли: Секогаш ќе има ѕвезда до титулата на Лејкерс

Претседателот на Мајами Хит, Пат Рајли изрази интересно мислење за 17-тиот трофеј во клупските витрини на Лос Анџелес Лејкерс, освоен против „жешките“ во финалето на НБА. Легендарниот поранешен тренер му честиташе на својот противник за успехот, но јасно стави до знаење дека серијата сигурно ќе беше далеку понеизвесна ако sвездите на Хит – Бам Адебајо и Горан Драгиќ беа целосно здрави.

– Ќе имаме повеќе шанси во иднина. Лејкерси имаат двајца од најдобрите играчи во овој момент – Леброн и Ентони. Тие нè победија чесно, но секогаш ќе има sвезда до нивната титула, затоа што ако Бам (Адебајо) и Горан (Драгиќ) беа 100% здрави, тогаш серијата можеше да биде понеизвесна и да заврши во седум натпревари, изјави Рајли, кој има вкупно пет титули во својата визит-карта со Лејкерс – една како играч и четири како главен тренер.

Повредите на Адебајо и Драгиќ дојдоа на самиот почеток – на првиот натпревар од серијата. Стартниот центар на Мајами доби истегнување во пределот на вратот и успеа да се врати за дуелот бр.4, а Драгиќ заработи повреда на стапалото и се појави на последниот натпревар од финалето.