Свет
2. April 2022 - 8:53

Песков: Русија ќе ги зајакне своите западни граници

 Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера изјави дека Русија ќе ги зајакне своите западни граници „за никој да не помисли да ја нападне“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека земјите од НАТО го зајакнуваат својот воен потенцијал кон западните граници на Русија, изјави Песков.

– Путин му даде инструкции на Шојгу, а нашето Министерство за одбрана сега работи на развој на план за зголемување и зајакнување на нашиот воен потенцијал на западните граници како одговор, рече Песков.

Секако, тоа ќе се направи на начин да се заштитиме и да го одржиме потребниот паритет во сè, за никој да не помисли да не нападне, рече Песков во интервју за телевизијата Белорусија 1.