Бизнис
28. March 2023 - 16:32

Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет: И со замрзнатите цени не можеме да преживееме

„Најголемите пензии 4.000 денари, најмалите 900 денари, ве молам, кој може да преживее со 12.000 денари? Цените се до плафон, со два денара макарони и јајца на 99 денари и сега ги замрзнавте цените. Тоа ли е поевтинување? Многу тежок дојде животот, па не можеме да купиме ниту лекарства“.

Како да се истурка месецот со 12,000 денари, кога се е поскапено? Пензионерка го праша премиерот кој беше во контрола на маркет да провери дали ценитите на дел од произвоите се замрзнати. Криза е, одговори Ковачевски, но носиме мерки да го спречиме растот на цените.

„Она што првин направивме е дека на некои од производите ги замрзнавме цените, трендот на намалување на цените го направивме и тоа со владини одлуки и преку разговори со стопанските комори“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

За да се намали ударот врз џебот на граѓаните следни на листата производи чија цена утре ќе се замрзне ќе бидат хигиенските. Поевтинување ќе има на речиси 70% од средствата за лична хигиена.

- Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, истакна Крешник Бектеши, министер за економија.

 Се прават анилизи за намалување на цената и кај овошјето и зеленчукот. Кои производи и за колку ќе поевтинат – ќе се знае до крајот на неделата.

- Денеска мојот тим работи, најверојатно цените на повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Ги чекаме и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да видиме колку е ралзиката во делот на маржите, додеде Бектеши.

Инспекторите се на терен. Маркетите ги почитуваат владините мерки. Направени се 500 контроли, а казнети 6 трговски субјекти со 28,000 евра. Имињата на маркетите кои не ги намалиле цените и покрај владината одлука, ќе бидат јавно објавени, уверува првиот човек на пазарна.

По замрзнување на цената на лебот, владата ја замрзна и цената на тестенините млечните производи, јајцата и оризот. Сепак, ограничувањето на цените не ја зголеми купувната моќ кај граѓаните, затоа што останите производи поскапуваат.

Бизниот алармирираше дека во пазарна економија замрзнувањето на цените не е решение. Затоа предлагаат наместо на сите, владата да им помогне само на оние домаќинства на кои им е најпотребна помош.