Бизнис
26. January 2022 - 16:33

Пензионерите бараат промена во усогласувањето на пензиите и нивно балансирање

Бурни реакции на пензионерите предизвика усогласувањето од 2,9 проценти, без разлика на висината на пензиите. Цени кренати до плафон, а пензиите изнесуваат бедни 9 0000денари!!! Како воопшто преживуваат овие пензионери никој не прашува.

Цените зголемени за 50%, а пензиите за 3%. Каја дупка попрво да ја закрпат -  Се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Поголемо зголемување на пензиите ќе има само ако се промени сегашната формула за пресметка, која се базира на порастот на трошоците за живот. Здружението на пензионери веќе доставиле предлог до Владата, покрај зголемените цени, да се земе во предвид и порастот на просечната плата. Со постоечкото усогласување, прашање е дали пензионерите си ја враќаат реалната вредност на пензијата, изгубена поради повисоката инфлација.

- Повеќе од година дена даваме иницијативи и предлози, да имаме законско усогласување, кое ќе биде базиранo и со порастот на просечната палта, но не повеќе од 5% и со порастот на трошоците на живот. На тој начин би се постигнал баланс на пензиите. Имавме позитивен одговор од власта, размислуваат за промена на формулата за усогласување на пензиите, но од кога – не се знае, изјави Станка Трајкова, претседател на Здружение на пензионери.

Веќе од денеска околу 330 илјади пензионери земаат зголемени пензии за 3% или во просек покачувањето е за 460 денари. Најниските пензии пак, оние до 11,000 денари се зголемија за 300 денари. Во време кога животот станува се поскап, цените во маркетите, но и комуналиите се драстично зголемени, ваквото покачување за нив е незначително. За да им се помогне нив, Трајкова бара дегресивно усогласување, односно најниските пензии да се зголемат за поголем процент, а највисоките за помал.

- Тоа значи еден процент да се даде повеќе на пониските пензии, тие до 11,000 денари, за да се подигне нивото на сите пензионери, да се воведе еден баланс за да бидат сите пензионери задоволнии, додава Трајкова.

Законски, усогласувањето на пензиите се прави 2 пати годишно – во јануари и јули. Сепак новиот мандатар Ковачевски во својата програма најавува промена на моделот, односно висината на пензиите да се прилагоди со реалните потреби на пензионерите. Затоа наскоро ќе започне јавна дебата за промена на системот за усогласување на пензиите, пишува во неговата програма.