Македонија
27. January 2022 - 16:43

Пендаровски се подготвува за средба со Радев, утре на средба со ОМО Илинден Пирин

Пендаровски најави официјална посета на Софија идниот месец. Целта е заедно со бугарскиот колега Радев да дадат позитивен придонес за успешен завршеток на билатералниот спор помеѓу Македонија и Бугарија.

Утре на пладне Пендаровски ќе ги прими и Македонците од Бугарија во Вила Водна. Средбата е на барање на ОМО „Илинден Пирин“, а ќе присуствуваат повеќе здруженија од Бугарија. Оваа средба еднаш веќе беше одложена.

На тргалезна маса организирана од Советот на амбасадор претседателот рече дека во момнентот ЕУ е свртена кон себе и се уште се водат дебати за иднината на Европа. Поради тоа, блокадата од Софија високата цена која Македонија ја плати за влез во НАТО се повеќе луѓе се изјаснуваат во прилог на некои од можните алтернативи на ЕУ.

-Таа цена јас очекувам ако продолжи блокадата во однос на нашите интеграции, да се зголемува, зашто оваа година ќе комплетираме земја со статуст кандидат за членство. И ако не почнеме преговори, за жал, се повеќе и повеќе ќе се приближуваме до неславниот рекорд на Република Турција, рече Пендаровски.

Европа е пред безбедносни предизвици, смета евроамбасадорот Гир, но стартот на преговорите со Македонија и Албанија е приоритет за Брисел. Вели дека преговорите се нешто на што ќе мора да работи целата  држава.

-Фокусот сега е да се постигне договор помеѓу земјите-членки за натамошната иднина на ЕУ, додека Софија и Скопје билатерално се обидуваат да го решат спорот, рече Гир.

Амбасадорот на Франција во земјава, пак, вели дека Париз ќе се обиде да го олесни процесот со Софија за побрз старт на преговорите со ЕУ.

Во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот, претседателот на Комисијата за надворешни работи смета дека не треба да се брза со какви било ветувања.

На дискусијата говореа и заменик шефицата на македонската дипломатија, вицепремиерот за европски прашања, како и други претставници на дипломатскиот кор. Маричиќ рече дека Македонија предолго чека пред вратите на ЕУ, но и во преговорите со Софија приоритет е зачувување на македонскиот идентитет и јазик.