Македонија
28. January 2020 - 16:31

Пендаровски очекува ратификација на протоколот за НАТО во шпанскиот парламент да заврши на почетокот на март

Претседателот Пендаровски очекува парламентот во Шпанија да го ратификува протоколот за НАТО  на почетокот на март. По консултациите со шпанската страна , тој бил информиран дека и покрај  добрата волја на Мадрид, ратификацијата ке  доцни бидејки се работи за сложена  процедура. И шпанскиот амбасадор во земјава  смета дека ке биде тешко да се спроведе ратификацијата  до 11 февруари , но не и невозможно

Амбаасдорот вели дека комисиите за надворешни работи во шпанскиот  парламент  се уште не се формирани, а токму тие се првиот филтер низ кој треба да помине македонскиот протокол за НАТО.Новата влада во Шпанија минатат недела го пушти во собраниска процедура македонскиот протокол за НАТО со барање тој да биде усвоен во итна постапка. Во просек ратификациите  на договорите во областа на одбраната во шпанското собрание трајат шест месеци, но доколку се спроведе брзата процедура тој рок може да се преполови . Од амбасадата посочуваат дека во Мадрид постои расположение  ратификацијата  да биде експресна, но останува фактот дека  документот треба да биде  изгласан и во двата парламентарни дома.