Пендаровски на панел за безбедноста во Европа на Форумот во Давос
Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, ќе учествува на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“.
Покрај Пендаровски, на сесијата ќе се обратат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, белгискиот премиер Александар де Кро, како и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен.
Утре, шефот на државата ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан“.
Како што соопшти неговиот Кабинет, во рамки на Форумот Пендраовски се очекува да има и повеќе билатерални средби.
Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај 2022 година, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок