Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот
Претседателот Стево Пендаровски, во телефонски разговор му се заблагодари на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за помошта во медицинска опрема, скафандери, маски и тестови, додавајќи дека сојузништвото и солидарноста меѓу државите се важни во овие тешки денови кога на глобално ниво заеднички се справуваат со епидемијата на Ковид-19.
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, истовремено, Пендаровски изрази солидарност и поддршка за Турција во напорите за справување со Ковид-19 со оглед на тоа дека Турција е меѓу десетте најпогодени земји со близу 40. 000 инфицирани и над 800 починати лица. Во тој контекст упати сочувство за починатите и посака скорешно закрепнување на заболените со Ковид-19.
Во врска со состојбата во земјава во справувањето со епидемијата на Ковид-19 и отстранувањето на последиците од неа, шефот на државата го информираше претседателот Ердоган дека ситуацијата е стабилна, меѓу останатото и заради фактот дека Северна Македонија меѓу првите земји во регионот ги започна активностите за справување со пандемијата.
-Во овој контекст, претседателот Пендаровски додаде дека државата се подготвува за предизвиците со кои се очекува да се соочи економијата по надминувањето на пандемијата, потенцирајќи ја притоа важноста на силните економски врски меѓу двете држави, се посочува во соопштението.
Двајцата претседатели изразиле задоволство од одличните билатерални односи, а претседателот Пендаровски му се заблагодарил на неговиот колега Ердоган за долгорочната и значајна поддршка од страна на Турција за остварување на една од нашите стратешки цели – членството во НАТО, каде досегашното партнерство ќе продолжи во нов контекст меѓу две членки на Алијансата.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање