Loading Video...
Фудбал
14. March 2018 - 16:02

Пелистер со пресврт ја победи Академија Пандев, а Шкендија и Ренова одиграа без победник

Попладнево во Битола и Тетово беа одиграни  првите полуфинални натпревари на фудбалскиот Куп на Македонија. 
 
Бранителот на трофејот битолски Пелистер со пресврт во вториот дел го совлада составот на Академија Пандев со 2-1. Гостите од Струмица поведоа во 31.минута со погодокот на Јани Атанасов. Во второто полувреме, најнапред Борче Маневски во 61.минута, го израмни резултатот, а Ристе Илијовски во последната (90.минута) му донесе победа на Пелистер од 2-1.
 
Тетовското дерби меѓу Шкедија и Ренова заврши без победник 1-1.  Ренова прва дојде до водство со голот на Стојановски во 12.минута, а резултатот го израмни Емини во 26.минута. 
 
Реванш натпреварите ќе се играат на 11.април (среда) од 16 часот, додека финалето е предвидено за 9 мај.
 
Потсетување дека во ланското финале Пелистер на пенали со 4-3 (0-0) ја победи Шкендија.