Бизнис
1. September 2015 - 20:15

Пелагонија ќе биде промовирана како авантуристичка туристичка дестинација

Од овој месец, Пелагонија ќе се промовира како атрактивна дестинација за развој на авантуристичкиот туризам –
Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. го усвои Акцискиот план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион, како и дополнетата приоритетна листа за реализација на Програмата во 2016 година, пришто, главниот акцент се става на промоцијата на Пелагонија како атрактивна дестинација за развој на авантуристичкиот туризам.
Градоначалниците на Советот за развој на Пелагонискиот регион ги усвоија и измените и дополнувањата на годишниот финансиски план на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион за 2015 година.