Македонија
2. December 2021 - 18:10

Патиштата наместа влажни, „Македонија пат“ апелира да се вози внимателно

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината.

Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.