Македонија
3. јуни 2020 - 17:06

Партиите различно гледаат на влошената состојба со заразени

Македонија е на врвот во регионот по бројот на нови случаи поради неспособноста на власта и политизираноста на надлежните институции, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека наместо да се грижи за здравјето на граѓаните, власта води предизборна кампања.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку дена ја обвинува и комисијата за заразни болести за политизираност и бара оставки.
Во пресрет на најавената можност за воведување на нови рестрикции, од СДСМ денеска излегоа во одбрана на Комисијата, потенцирајќи дека станува збор за стручен кадар кој носи одлуки врз основа на претходна анализа на состојбата

Владејачката СДСМ денеска за прв пат не ги спомна изборите и датумот 5 јули на ниту една од двете прес конференции.