Македонија
6. July 2022 - 20:12

Партиите доставија забелешки за францускиот предлог на работните групи

Без напредок заврши работната  средба меѓу парламентарните групи на власта и опозицијата во врска со собраниските заклучоци за францускиот предлог. 

Остануваат главните разлики за тоа дали со овие заклучоци треба да се промени понуденат преговарачка рамка како што бара опозицијата и помалите владини партнери или пак тие ќе бидат задолжителна насока за Владата во идната фаза на преговорите со Бугарија и ЕУ како што очекува власта.

Од СДСМ И ДУИ нудат заклучоци со кои на Владата ќе и се стават црвени линии да не може во идни разговори да отвора прашања поврзани со историјата и идентитетот.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ понуди заклучоци со кои бара бришење на унилатералната изјава на Бугарија во врска со македонскиот јазик, бришење на втората меѓувладина конференција односно преговорите да почнат веднаш и на годишните извештаи поврзани со протоколот со Бугарија.

Слично како и опозицискат апартија со свои заклучоци за промена на францускиот предлог излегоа и трите помали владини партнери, ДС, ЛДП и ДОМ.

Работните групи продолжуваат со работа. Во Собранието се уште не е стигнат францускиот предлог за почеток на преговорите со Унијата иако најавите се дека седница за него е можна уште утре.