Свет
18. November 2019 - 13:19

Папата Францис угости 1.500 сиромашни и бездомници: Приреди ручек во Ватикан и испрати силна порака

Поглаварот на Римокатоличката црква Фрацис угости околу 1.500 сиромашни луѓе и бездомници на ручек во Ватикан во рамки на одбележувањето на светскиот ден на сиромашните.

Пред ручекот, во текот на мисата на Плоштадот Свети Петар, папата Францис ја критикуваше незаинтересираноста на општеството за сиромашните, како и за „френетичниот“ ритам на живот и опседнатост со „моментално“ постигнување на цели, пренесува Франс прес.
 
„Ние забрзано го следиме својот пат и не се грижиме што јазот се зголемува, што алчноста на неколкумина ја отежнува бедата на многу други“, рече Францис.
 
 
Тој рече дека сите кои се со подобра имотна состојба не би требало да се чувствуваат неугодно поради сиромашните, туку би требало да им помогнат колку што можат.

Папата потоа им се придружи на сиромашните и бездомниците на ручекот во големата сала во Ватикан, по повод Светскиот ден на сиромашните што тој го воспостави во ноември 2016 година.

На менито беа лазањи, пилешко со сос од печурки и компир, благо, овошје и кафе.

Десетина волонтери помогнаа во донесување на сиромошните во Ватикан и служењето на ручекот.

Папата му се заблагодари на медицинскиот тим кој пружа бесплатна здравствена заштита на сиромашните во Ватикан.