Македонија
6. December 2021 - 14:10

Пановски: Несериозно е во време на пандемија да се менува актуелниот министер за здравство

Д-р Никола Пановски во гостување на Телма појасни дека младите користат лажни сертификати и не се тестираат, па затоа има нереални бројки за позитивни случаи на Ковид-19.

Пановски истакна дека во време на пандемијата сите треба да се лекуваат во јавно здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот.

При ваква состојба во здравството, во време на пандемија, Пановски смета дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче.