Loading Video...
Фудбал
22. September 2021 - 11:04

Пандев со Џенова извлече „реми“ на гостувањето кај Болоња

Екс-капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, ги одигра завршните 22-минути за својот екипа Џенова во дуелот против Болоња на гости кој заврши без победник 2:2. 

Во изедначениот меч домаќните беа поблиску до победата, а и во два наврати имаа предност со головиѕте на Хики (49) и Арнаутовиќ (85). Сепак гостите не се предаваа па преку Дестро во 55-тата и Кришито во 89-тата стигнаа до израмнување и посакуваниот бод со кој тимот од Џенова сега има вкупно четири.