Loading Video...
Фудбал
22. јуни 2021 - 19:49

Пандев остави големи траги во мак-фудбалот

• Дојде и тој тажен ден за македонскиот фудбал, нашата икона, капитенот на фудбалската репрезентација, рекордер по постигнати голови и настапи, европски првак со милански интер, Горан Пандев соопшти во Амстердам на ЕП дека се повлекува од националниот тим. 
Кога за некој велите Гранде или кажете дека е икона, тоа значи дека дека Горан Пандев е големо име за Македонија и тоа не само поради фудбалот туку и поради се она што го даде за оваа мала замја која ја прослави ширум Европа и светот., 
Ние сите ќе го паметиме како скромно момче но голем играч и капитен кој во иднина секако ќе и недостасува на репрезентацијата и македонскиот фудбал.
Но ако некој е мудар и таму кај што застана Пандев постави нови темели за македонскиот фудбал тогаш можеме да добие многу повеќе. 
Нашиот Гоко очигледно не застанува тука...том има свој клуб, своја академија и ако останатите наши репрезентативци тргнат по неговите стапки тогаш Македонија и понатаму ќе изненадува со добри фудбалери и изненадувања.