Палмер-Спасовски: Донесените закони, меѓу кои и Законот за ЈО, ја приближуваат земјава поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите
Премиерот Оливер Спасовски за време на дводневниот престој во Брисел, оствари средба и со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.
Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер за време на разговорот изрази честитки за донесувањето на Законот за јавно обвинителство, за Законот за одбрана, како и за другите реформски закони кои ја приближуваат Македонија поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е поздравена определбата на Владата да го почитува и спроведува Договорот од Преспа и придобивките од него кои од Македонија направија значаен фактор на стабилност во регионот и лидер во регионална соработка.
Во разговорот со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, е потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија.
Спасовски на средбата ги повтори заложбите на нашата земја да гради силен капацитет на институциите за да се заокружат демократските реформи дома, како и да се интензивираат проектите за зајакнување на добрососедските односи во регионот.
Спасовски потенцираше дека Владата во претстојниот период е фокусирана на организирање фер и демократски избори, како и на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.
Во разговорот меѓу Спасовски и специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Палмер, беше потенцирано дека Македонија очекува од ЕУ да ја исправи грешката од октомври минатата година и да донесе заслужена одлука за старт на преговорите во март, и дека тоа го очекуваат сите граѓани зашто земјата испорача и дека сега е време ЕУ да испорача резултати и да донесе правилна одлука.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација