Македонија
22. October 2016 - 14:31

Отворен ден на мултикултурализмот во Кичево

Пред платото на Дом на култура во Кичево денеска се одржа „Отворен ден на мултикултурализмот” со учество на граѓани од сите етнички заедници кои живеат во овој град.

Манифестација беше организирана од групата „Вреди да си од Кичево” во која членуват претставници од сите заедници.

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари во своето излагање рече овој град е пример каде што заедно живеат различни националности во слога и разбирање.

На денешната манифестација беа изведени народни песни од сите етнички заедници кои живеат во Кичево, а локалните граѓански организации на штандови презентираа народни носии. Програмата заврши со дегустација на традиционални јадења од сите кујни кои се негуаат во Кичево и кичевскиот регион.