Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени за новото производство
Две третини од реколтата тутун се веќе откупени. Според Сојузот на земјоделски здруженија, откупните претпријатија имаат преземено над 15.000 тони, а просечната цена е 194 денари за килограм.
Претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски вели дека откупот непречено се одвива и со овој интензитет може да заврши пред рокот, кон средината на февруари.
-Откупени се преку 15.000 тони и реколтата е помала од договорените околу 22.000 тони. Според овој интензитет, се очекува да заврши во средината на идниот месец, вели Стомнароски.
Потврдува дека тутунарите не се задоволни со оваа цена и затоа ги повикува заеднички да се изборат за повисоки цени по класи.
-Трошоците на живот пораснаа, а и трошоците за производството. Затоа уште сега ги повикувам тутунарите заеднички да се избориме за нови цени, изјави Стомнароски.
Сојузот бара кон средината на февруари средба со Министерството за земјоделство и со откупувачите за нови цени и за законски измени за поголема улога на Сојузот при производството и откупот.
-Потребно е производителите да имаат поголема и рамноправна улога во целиот тек на реколтата, од потпишувањето на договорите до откупот. Сојузот да решава дали ќе се потпишат договорите со цени на кои инсистираат откупувачите, а не како досега тие да ја имаат доминантната улога. Токму дека тоа се приватни компании и дека е пазарна економија. Треба да имаме рамноправно учество како договорни страни, објаснува Стомнароски.
Во меѓувреме има и иницијатива од Пелагонискиот регион за измени во законот за тутун во поглед на увозот.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено