Бизнис
6. December 2016 - 20:07

Откупени 30% од тутунот, за сега не се утврдени неправилности

Засега нема неправилности при откупот на тутун. Како што информираат надлежните за нецели три недели откупени  над 30 отсто од годинашната реколта. Во игра се 8 откупувачи а деветото претпријатие наскоро ќе се приклучи. Тутунарите задоволни од просечната откупна цена  која се движи околу 190 ден по килограм, а со субвенциите едно евро по килограм производителите добиваат 250 денари.

Годинашниот род е со висок квалитет. Очекувањата се дека ќе бидат откупени  околу 20 000 тони. Крајниот рок за откуп е 15ти декември.

Со новиот софтвер на министерството ќе се знае точно,  колку предал секој тутунар на откупувачите, и согласно податоците ќе му бидат исплатени субвенциите. Исплатата се очекува да биде веднаш по формирањето на новата Влада.

За споредба лани просечната откупна цена за тутунот беше 184 денари а во 2014та кога имаше послаб квалитет околу 120 денари.