Loading Video...
Свет
20. November 2020 - 16:56

Откриен нов лек кој дава изненадувачки добри резултати во третманот на Ковид-19

Фајзер побара од Американската Управа за храна и лекови итно одобрување на нејзината вакцина против Ковид 19.  Не е познато  колку време ќе и треба на ФДА да ги проучи податоците. Американската фармацевстка компанија  и нејзниот германски  партнер  Бајонтек се надеваат дека вакцината  ќе може да се користи веќе на почетокот на декември.  Фајзер пред два дена објави дека нејзината ефективност е на ниво од 94 проценти кај лицата над 65 години. Ковид 19 однесе 1, 3 милиони животи ширум светот.

Лекот за ревматоиден артритис ТОЦИЛИЗУМАБ  им помага на најтешко болните пациенти од Ковид19 според истражувањето на научиници од Велика Британија и Холандија објави БИБИСИ. Научниците се сигурни во неговата ефикасност но велат дека  е потребно време да се утврди дали лекот спасува животи само го забрзува закрепнувањето. За лекување на  заразени со корона без разлика колку е тешна нивната состојба повеќе да не се користи антивирусниот лек Ремдесивир советува Светската здравствена организација. Последователните студии на СЗО откриле дека лекот има малку или вооошто нема влијание врз смртноста или времетарењето на хоспитализацијата кај повеќе од 7000  хоспитализирани пациенти во 30 земји.

Повторното броење на гласовите во Џорџија потврди  дека Џо Бајден го победил  Доналд Трамп во таа сојузна американска држава .Со 16 изборни гласови во Џорџија, демократскиот кандидат победи на претседателските избори со 306 наспроти  232 електорски гласови за Трамп. Актуелниот претседател продолжува без докази да обивнува за изборна кражба и измама. Правниот тим на Трамп се обиде да го оспори неговиот пораз во уште три важни држави, но тамошните судови ги  отфрлија тужбите.  Демократот треба да ја преземе власта на 20 јануари како 46 претседател на САД.