Македонија
6. August 2020 - 18:11

Откажани викенд концертите во Охрид, немало услови за заштита од корона

Откажани концертите во главниот туристички центар за викендов.

Од Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ најавија дека музичките концерти кои беа закажани за 7-ми и 8-ми август на Градскиот стадион, од страна на една музичка продукција, нема да се одржат.

Просторот на Градскиот стадион нема да биде изнајмен затоа што било утврдено дека организаторот нема да може во целост да го испочитува Протоколот за начинот и условите за организација на настани. Од локалната упатија препорака до останатите менаџерски куќи да ги откажат концертните настани во Охрид доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“. 

(Во насока на остварување на економскиот бенефит, кој туристичките чинители го имаат од организирањето на ваквите концертни настани, Општина Охрид ќе даде дозвола за одржување на концерти на локации со кои стопанисува општината, само доколку организаторите гарантираат почитување на препораките за заштита, кои се утврдени со одредбите од Протоколот и ја преземат целокупната одговорност за здравствената безбедност на публиката.)стои во соопштението на општина Охрид

Градоначалникот Георгиоски пред почетокот на Илинденскиот продолжен викенд најави дека најголем проблем за надележните во овој период кога во градот кога има наплив на туристи се токму бројните музички настани на повеќе локации на отворено, за кои има голем интерес 

Инаку деновове Охрид го живее екот на сезоната, градот е полн со туристи. Со оглед на тоа дека поголемиот број на посетители не ги почитуваат мерките за заштита од  Центарот за јавно здравје посочуваат дека претстојниот период може да се очекува зголемен број на заразени.