Балкан
27. May 2017 - 12:56

Осум лица загинаа во сообраќајна несреќа на патнички автобус крај Анкара

Патнички автобус, движејќи се по редовната рута Кастамону-Анкара, утринава се превртел на патот, во близина на Калеџик.

Според податоците на локалните власти во Анкара, во несреќата загинаа осум лица, 32 се повредени, од кои 11 се во тешка здравствена состојба.

Според информациите, до несреќата дошло откако возачот заспал зад воланот, а во тек е истрага за инцидентот. Автобусот се превртел во длабока провалија. На местото се испратени спасувачки екипи.