Loading Video...
Свет
2. August 2021 - 16:44

Осум лица загинаа во големите пожари што ја зафатија Турција

Осум лица загинаа во големите пожари што ја зафатија Турција, а најмалку 27 лица се хоспитализирани. За време на викендот, туристите, персоналот на хотелите и локалното население мораа да бидат евакуирани по морски пат од популарните дестинации Бодрум и Мармарис, со помош на сопственици на приватни бродови.

Турскиот министер за земјоделство изјави дека од 28 јули избувнати се вкупно 112 пожари, за кои турската влада се сомнева дека се подметнати. Шумските пожари беснеат и во Италија, каде што околу 150 лица беа евакуирани преку море на Сицилија, но и во Грција, каде што се евакуирани четири села на Пелопонез.