Македонија
29. September 2020 - 20:06

Османи во Брисел - Новата Влада останува посветена на евроинтеграциите

Новата Влада останува посветена на евроинтеграциите. Шефот на македонската дипломатија денеска во Брисел го убедувал еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи дека Македонија 

„Новата Влада останува силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, со дополнителен импулс и проактивност во развојот на добрососедските односи, како клучна додадена вредност во развојот на регионалната стабилност. Новиот парламентарен состав има европски предзнак и очекувам континуитет во спроведувањето на реформите.“ – изјавил Османи.
Како што стои во соопштението испратено од МНР, Вархеји информирал дека Европската комисија набрзо ќе го објави редовниот пакет за проширување заедно со годишните извештаи, а како негово надополнување најави и Економско инвестициската програма кој треба да обезбеди финансиска помош за земјите од Западен Балкан.

Османи во Брисел се сретна и со бугаскиот европратнеик Андреј Ковачев во време кога официјана Софија не крие дека има намера да ги блокира македонските евроинтеграции вршејќи притисок да се реши историскиот проблем кој Бугарија го има околу Гоце Делчев. Османи вели дека политиката на македонската влада е да гради пријателство и соработка а, оваа тема треба да им се остави на експертите.

„Градиме мостови на соработка кои водат кон зголемена доверба и заеднички успех. Тоа е и целта на Договорот меѓу двете земји, на рамката која ја имаме усогласено - за историските прашања да разговараат експертските комисии, а истовремено да обезбедиме непречена политичка, економска, културана и општествена соработка“, стои во писмената изјава на Османи која ја пренсе прес центарот на МНР.