Македонија
8. May 2021 - 16:42

Османи не губи надеж за старт на преговорите

Македонија не се откажува од европската интеграција, земјава испорача, а сега на ред е унијата. Министерот Османи вели дека се уште има надеж за земјава и на јунскиот самит на Европскиот совет, бидејќи Македонија ги исполни и ги надмина критериумите за старт на преговорите. Оптимизам има и покрај тоа што Бугарија распиша нови избори на 11 јули.

Османи смета дека Скопје и Тирана нема да бидат раздвоени на европскиот пат и дека оваа дебата е погрешна. Македонија нема друга препрека освен отворениот спор со Бугарија.

Овие пораки Османи ги испрати во пресрет на 9ти мај денот на Европа, кој оваа година Македонија го дочекува како 16-годишен кандидат за членство во Европската унија.