Османи на проштална средба со Тејада: Во наследство ќе останат бројни успешни проекти
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на зелената проштална средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Македонија, Сибил Сутер Тејада, која го завршува мандатот во земјава, истакна дека високо ја цени нејзината дипломатска активност, и оти во наследство ќе останат бројни успешни проекти.
–Високо ја вреднуваме Вашата дипломатска активност, поддршка и личен ангажман во изминатите години. Во наследство на земјата ќе останат бројни и успешни проекти, благодарение на Вашата посветеност и континуираната билатерaлна поддршка од страна на Швајцарија, која датира од 1992 година, посочи Османи.
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на средбата соговорниците разговарале и за потенцијалите на најновата Стратегија за Македонија за периодот 2021-2024, со која ќе бидат алоцирани дури 72 милиони швајцарски франци за нашата земја.
-Овие средства се наменети за трите тематски области – демократско управување; вработување и економски развој; инфраструктура и животна средина претставуваат значаен придонес и поттик за развој на општините и институциите во државата. Конкретно, истите ќе бидат наменети за инвестирање во ефективно управување со отпадот, завршување на канализациските мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, за повеќе зеленило, повеќе паркови и многу други проекти, информираат од МНР.
Соговорниците разговарале и за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, состојбите во Регионот и регионалната соработка и неговите европски перспективи.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри