Македонија
30. September 2020 - 18:11

Османи и Димитров бараат поддршка од Германија за почеток на преговори

Македонија има целосна поддршка за почеток на прговарачкиот процес во рамите на германското претседавање со ЕУ и за тоа се водат интензивни разговори мегу членките и Бугарија, порача шефот на дипломатијата Хајко Мас по средбата со македонскиот колега Османи во Берлин. Сепак,  посочи  Мас, спорните прашања мегу Бугарија и Македонија треба пред се да се решат билатерално за да може земјата да ги го почне пристапниот процес.

И македонскиот министер смета дека германското претседавање е шанса која Македонија не смее да ја пропушти, но општеството, вели, треба подготвено да го дочека почетокот на преговорите.

Во Берлин се наоѓа и вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, кој исто така имаше имаше низа средби во германското МНР. Овие состаноци се оддржуваат во мометот кога во советот на ЕУ се подготвува преговарачката рамка за преговорите, документ во кој Бугарија сака да ги вметне своите услови, како што се решавање на спорните историски прашања меѓу двете земји и терминот под кој македонскиот јазик ке се употребува во текот на процесот.