Македонија
19. September 2020 - 19:41

Османи: Добрососедството ми е приоритет, но меморандумот излегува од договореното

Идентитетот е црвената линија за која не може да се преговара, вели министерот за надворешни за меморандумот од Бугарија. Османи потенцира дека овој документ излегува од принципите врз кој е потпишан договорот за добрососедство, но откажување нема. Преговорите ќе продолжат на највисокото ниво, а се прават напори со работа да стартува и историската комисија која треба да најде решение за историските личности. Токму ова Османи и го пренел и на својата бугарска колешка Захариева.

За овие прашања Османи вели дека очекува и искрена соработка со опозицијата, но во однос на нивното барање Македонија да изготви контра резолуција како одговор на бугарските барања, потенцира дека нема да дозволи ова прашање да се претвори во политичко шоу.

На денешната прес конференција Османи ги презентираше приоритетите во следните 4 години. Првиот приоритет ќе бидат токму добрососедските односи, стартот на преговарачкиот процес со Европската унија, учеството во регионалната соработка и зајакнување на економската дипломатија.