Бизнис
22. јуни 2021 - 19:57

Оштетените штедачи од Еуростандард банка бараат надлежните да ја имплементираат одлуката на Уставниот суд

Оштетените штедачи од Еуростандард банка бараат надлежните да ја имплементираат одлуката на Уставниот суд. Односно, Фондот за осигурување депозити да биде изземен од поделбата на парите од стечајната маса. На тој начин ќе има повеќе пари за нивно обештетување.

Штедачите бараат Владата да ги прифати нивните предлози за измена на Законот за банки. Предлагаат во иднина во случај на стечај на банка прво да се обештетуваат штедачите, а потоа Фондот да има право на дел од парите од стечајната маса.

Пред еден месец по иницијатива на оштетените штедачи од Еуростандард, Уставниот суд укина член од Законот за банки, според кој Фондот за осигурување депозити имаше предност при обештетување пред штедачите во банката.