Loading Video...
Тенис
29. August 2020 - 17:08

Осака се повлече од финалето, Азаренка победничка во Синсинати

Белорусинката Викторија Азаренка без борба во финалето го освои трофејот на турнирот во Синсинати. 
 
Имено, нејзината противничка во финалето, Наоми Осака поради повреда го откажа својот настап во завршниот меч, па на Азаренка и овозможи да ја освои својата 21-ва титула на ВТА турнирите. 
 
Останува да се види дали Осака ќе настапи на претстојниот Гренд-слем УС Опен кој стартува следната седмица. 
 
А, за трофејот во машка конкуренција ќе се борат светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ Канаѓанецот во мечот чиј почеток е од 19 часот. 
 
Ѓоковиќ  место во финалето обезбеди по голема борба во полуфиналниот дуел со Шпанецот, 
Роберто Баутиста  Агут кого го победи во три сета, додека Раониќ многу полесно од очекуваното во два сета беше подобар од (4) Стефанос Циципас.