Македонија
27. July 2021 - 12:58

Организирано заедничко гледање на финалето на Георгиевски во Бутел

Во скопската населба Бутел е организирано заедничко гледање на финалето на Дејан Георгиевски, кој денеска од 14:45 ќе се бори за златен медал на Олимписките игри во Токио.

„Кој може и сака, организирано е заедничко гледање на финалето со почеток од 14 часот во холот на ОУ св Климент Охридски Бутел, местото каде што ТКД Бутел и Деки започнаа со оваа магија“, напиша на Фејсбук неговиот тренер Дарко Костовски.