Македонија
1. March 2021 - 21:38

Организаторите на настани на протест пред Владата

Компаниите за организирање настани излегоа на едночасовен протест. Со спакувана опрема во кутии го блокираа булеварот пред Владата за да го искажат револтот, затоа што една година имаат забрана за работа и во прашање е доведена егзистенцијата на над  20 илјади работници. Бараат неповратна помош- грантови, односно истата поддршка со која се опфатени ноќните клубови.

Попладнево и претстваниците на рестораните за свадби ќе имаат средба со вицепремиерот Битиќи и со директор на пазарен Пауновски.

Ќе се бара решение како да почнат да работат. Сепак последниот збор ќе го има комисјата за заразн болести од каде за Сител посочија дека засега не се размислува  да дадат зелено светло затоа што бројките на новозаболени изминативе денови растат. Организаторите на свадби минатата недела неколку пати протестираа и бараа да им се дозволи да отворат и да работат како останатите кафани.  Велат не е фер секогаш кога се носат мерки да бидат само на нивна штета. Додека  нивните објекти се под клуч велат дека  луѓето се осудуваат да прават прослаи дома што е многу полошо отколку тие да работата според строги протоколи.

Рестораните за свадби се затворени од јуни минатата година.