Македонија
5. April 2020 - 14:41

Општина Струга бара изолација на три струшки села

Расте бројот на заразени со корона вирусот во струшко.Општина Струга бара од Владата да се изолираат селата Лабуништа,Татеши и Велешта поради се поголемиот број на заболени  а од месната заедница од Лабуништа на став дека конкретни мерки ќе се чекаат од страна на  епидемиолзоите како стручни лица  откако деновиве ќе ја увидат состојбата на терен.

Од Кризниот штаб апелираат до граѓаните строго да се придржуваат до мерките против ширење на коронавирусот и да го сведат движењето на минимум.

Заменик министерот за здравство пак неодмана најави дека опцијата за изолирање на трите струшки села не е исклучена.

Инаку деновиве во струшките села беа формирани мобилни тимови кои вршеа масовно тестирање на  сите лица кои биле во контакт со позитивните на вирусот.