Македонија
18. November 2019 - 12:38

Oпштина Штип на шестата конференција од проектот „Обединета Европа“ во Романија

Општина Штип како учесник на отворениот конкурс за најдобра есеј, цртеж и фотографија, на тема „Европа во нашите соништа“ освои две први места во категоријата најдобра фотографија. Драган Ристов национален координатор за проектот „Обновена Европа“ на денешната прес-конференција информираше дека првото место го освои осум годишната Сара Давчева во категроијата од 7 до 13 години и 21 годишниот  Јаков Трајанов во категоријата од 21 до 29 години.

–Конкурсот е дел од проектот „Обновена Европа“ и се спроведе во изминатите два месеци. Комисија составена од делегации на земјите учеснички во проектот, ги избра најдорбите есеи, цртежи и фотографии на шестата конференција која се оддржа од 12 до 16 ноември, во општините Викторија и Јаши во Романија. наградите ќе бидат доделени на претставници на делегациите на средбата во Шпанија, идната година, вели Ристов.

Штип стана дел од овој проект кој го спроведува Општина Аксаково од соседна Бугарија, во април минатата година а во јуни беше домаќин на втората конференција. Тој додаде дека на конференцијата во Романија, се дискутирало за соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, потоа визијата за иднината на Европа.

– Ова беше уште една средба, на која Штип и Македонија беа на исто рамниште со останатите градови и земји, членки на ЕУ. Секоја ваква средба, е можност за размена на идеи, за пронаоѓање на нови модуси за соработка, и можам да кажам дека ова е специфичен проект, можеби еден од ретките во кои Општина Штип учествувала, но со толку добри ефекти и шанси за наше позитивно претставување пред светот, вели Ристов.

Во „Обединети градови“ покрај Штип, уште членуваат и општините Аксаково од Бугарија, Сетубал во Португалија, Озаров Мазовјецки Полска, тоа Нугеду Санта Виториа во Сардинија, Италија, градот Викторија во Романија и Монтсерат Шпанија.