Македонија
4. December 2020 - 19:29

Опозициски протест во Скопје и 20 градови

Опозициската ВМРО ДПМНЕ побара граѓаните да останат на улиците додека премиерот Заев не си даде оставка. Повторно го блокираа градот на три локации пред Влада, МНР и Министерството за Правда, како дел од протестите кои ги организираат под слоганот „Оставка на Заев, слобода на народот. Високото раководство на партијата положи цвеќе пред споменикот на Ослободителите на Скопје по што порачаа правдата е бавна но не и слепа.

ВМРО ДПМНЕ организираше протести и блокади во уште 20 градови низ државата со порака „ да ја вратиме државата во рацете на народот стоп за трговија со идентитето, јазикот, историјата.