Македонија
11. November 2019 - 16:49

Опозицијата обвинува за предизборни злоупотреби на буџетските пари

Од 20.10.2019 година до денес, објавени се над 1.200 јавни огласи за вработување, за над 2.200 извршители во институции, на определено и неопределено работно време.

Отпочнати се стотици дисциплински постапки и изречени се десетици казни за вработени во државната и јавната администрација. Исто толку вработени во државната и јавната администрација се распоредени на работни места надвор од местото на живеење.

Секојдневно сме сведоци на злоупотреби на службената должност и овластувања, лаги и нереални ветувања. Се предлагаат закони по итна постапка и се расфрлаат со државните субвенции и државната помош за да регрутираат нови гласачи. Извршната и законодавната власт, целосно е насочена кон испумпување на државните пари за партиски цели.

Ве охрабруваме да ги пријавувате сите злоупотреби на власта, за да ја заштитиме европската перспектива на Македонија.

На власта и порачуваме обновата на Македонија следува, а одговорност за злоупотребите ќе има.