Македонија
26. November 2020 - 19:49

Опозицијата бараше Парламентот итно да расправа за Бугарија

Тензично во Собранието по интервјуто на премиерот Заев. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираше седницата. Пратениците ја напуштија зградата на Собранието и побараа да се повика премиерот и државниот врв. Според координаторот на пратеничката група, денеска е ден за протести и приоритет треба да бидат македонскиот народ и Република Македонија.

- Никој досега на ваков начин не ја клекнал на колена Македонија и македонскиот народ. Вчера Зоран Заев ја понижи Македонија. Денеска треба да се повикаат во Собранието Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи, ако треба и на затворена седница, да се поразговара за македонските црвени линии и да бидеме информирани како пратеници што е тоа што преговара и што се е спремен Зоран Заев да продаде од македонската држава, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Парламентарното мнозинство со 61 глас „За“ ја избра Добрила Кацарска за судија во Уставниот суд. Со ист толкав број на гласови Собранието ја усвои потребата за промена на Деловникот, за овозможување на пратениците кои се во изолација онлајн да се вклучат на седниците. Дополнувањето на Деловникот в понеделник ќе се најде на комисиска расправа.