Македонија
16. October 2019 - 18:19

Опозицијата бара враќање на старата пресметка за пензиите

Опозицијата ќе поднесе предлог закон во Собранието за враќање на стариот начин на пресметка на покачувањето на пензиите. Од почетокот на годинава пензиите се зголемуваат само според растот на трошоците на живот, за разлика од претходно, кога за нивно покачување подеднакво влијаеја и трошоците на живот, но и просечната плата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сегашното законско решение е на штета на пензионерите бидејќи,  тие не го добивале реално заслуженото покачување.

Пензионерите веќе алармираа дека актуелното законско решение би било од корист само во услови на инфлација. Тие бараат да се врати стариот начин на пресметување на пензиите.

Сегашнот закон налага усогласување на пензиите да има два пати годишно, а трето покачување е можно само доколку бруто домашниот производ порасне над 4%.