Македонија
14. March 2018 - 11:22

Опожарено возило во Кавадарци, причинета поголема материјална штета

Во текот на вчерашниот ден опожарено е возило во Кавадарци, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Станува збор за патнички автомобил марка „Ауди А6” со кавадаречки регистарски броеви, сопственост на С.Ф.(53), паркиран во дворот од неговата куќа на улицата „7 Септември“ бр. 48 во Кавадарци.

- Во пожарот целосно е изгорен предниот дел и внатрешноста на возилото, при што е направена поголема материјална штета, рече Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.