Македонија
15. December 2019 - 13:06

Опожарен домот на 52-годишен жител од Тработивиште

Пожар избувна претпладнево во куќата на 52-годишниот Ѓорѓи Марков од селото Тработивиште.

Екипи од Територијалната противпожарна единица од Делчево веднаш по дојавата се упатиле на терен и се уште го гаснат опожарениот дел од куќата.

Очевидци велат дека пожарот најверојатно настанал поради неисправна електрична инсталација.