Фудбал
27. November 2015 - 16:24

Олимпик Лион домаќин на Монпеље

 
 
Во фудбалското првенство на Франција претстојниве три дена ќе се играат натпреварите од 14.коло во Лига 1.
 
Воведниот меч е вечерва од 20 часот и 30 минути во Лион, каде второ рангираниот Олимпик е домаќин на Монпеље кој е на четиринаесеттата позиција на табелата. 
 
За во сабота закажани се натпреварите: Париз Сен Жермен – Tроа, Тулуз – Ница, Ремс – Рен, Ангерс – Лил, Нант – Бастија и Ајачо – Лориен. 
 
Преостанатите три средби ќе се играат во недела, а двојките се: Сент Етијен – Гингамп, Бордо – Кан и Олимпик Марсеј - Монако
 
Табела: Париз Сен Жермен 38 бодови, Олимпик Лион 25, Кан 25, Ница 24, Ангерс 23, Монако 23, Сент Етијен 22 ..