Loading Video...
Македонија
10. July 2020 - 19:41

Охридскиот музички еснаф преку протест бара дозвола за жива музика во угостителските објекти

Главниот туристички центар ова лето без жива музика во угостителските објекти.Во екот на сезоната ќе изостанат забавите во кои уживаа бројните туристи долж ривиерата.Од здружението Охридскиот музички еснаф денеска протестираа барајќи од надлежните да донесат соодветен протокол со кој ќе им се овозможи да работат.

Музичарите од Охрид и Струга велат дека загрозена им е егзистенцијата но од друга страна трпи и понудата на рестораните и кафулињата  но и туризмот.

Согласно последните протоколи за работа угостителските објекти можат да работат и во затворените делови но без музичка понуда за организирање на прослави. Инаку здружението Охридски музички еснаф брои 96 регистрирани членови.