Македонија
19. August 2022 - 16:32

Охридскиот маратон ќе се одржи во септември

Проблемите ќе се надминат традицијата на Охридскиот пливачки маратон ќе продолжи. Една од најпознатите спортски манифестации во земјава и регионот  ќе опстои и годинава ќе го има јубилејното 60то  издание. По најавите дека поради блокирана сметка маратонот ќе згасне финансова полиција бара одговорност за долговите кои ги направила пливачка федерација кои датираат од 2012 година кои со камати се стигнати од 70 -80 ијади евра.

 (Се прават напори да се обезбедат што повеќе учесници на Охридскиот пливачки маратон, точната бројка се уште не се знае, засега има најави дека ќе учествуваат околу дваесетина пливачи, а заинтересираност за помош има и од бизнисмени.

Известени се пливачите за условите кои ќе бидат обезбедени и за условите кои ќе ги имаат од пристигнувањето во Охрид. Охридскиот пливачки маратон би требало да се одржи на 10 или 11 септември, поради тоа што сите натпреварувачи, моментално се на други натпреварувања и првенства.

Инаку по најавите дека оваа година нема да има охридски пливачки маратон бурни реакции ,коментари незадоволство и  предлози имаше на социјалните мрежи за тоа како да се спаси древната традиција а имаше и такви кои бараа истрага и целосно расветлување на случајот  но и одговорност од тие што придонеле манифестацијата да се најде во незавидна состојба.

Првиот вистински охридски пливачки маратон се одржал во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 км . Поради земјотресот во Скопје наредната 1963 година маратонот не се одржува, а продолжува од 1964 до 1966 година, по што следи децениски прекин. Охридскиот пливачки маратон се возобновува во 1992 година. На 30 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид .