Македонија
9. јуни 2023 - 12:28

Охрид обезбеди пари за експропријација

Зголемени средствата во буџетот на Општина Охрид за експропријација на земјиште.

Општината ќе решава проблеми со простори кои ги користат јавните претпријатија, а за кои приватните сопственици бараат земјиштето да им се плати или врати во владение. Во спротивно најавуваат тужби.

Советниците побараа подетални информации за планираните експроприации на општината.

Со ребалансот на буџетот за 2023 година советниците дадоа зелено светло за седум милиони денари за експропријација на земјиште. Со ова според секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, општината ќе избегне два судски спора што негативно би се одрзиле над општинската каса.