Македонија
19. September 2021 - 21:30

Охрид и Струга 6 години добиваат само ветување за затворен базен

Сеуште ништо од долгонајавуваните затворени базени во Охрид и Струга.Објектот во градот на мостовите е руиниран запуштен обраснат со трње и опколен со градежен шут .Стружани ќе чекаат нов изведувач за негова реконструкција бидејќи договорот со избраната фирма од 2019 бил раскинат. Од Агенцијата за млади и спорт посочуваат дека базенот кој ќе им служи на пливачите, спортистите и рекреативците ќе биде готов следната година.

Директорот на агенцијата за млади и спорт Мојсоски вели дека се интензивира изградбата на затворениот базен во Охрид инсталацијата е пуштена се работи на уредување на внатрешниот простор и се очекува месеците март - април идната година да биде пуштен во употреба.

Објектот во Охрид  започна да се гради во 2015  и требаше да биде готов за 30 месеци, но сѐ уште не е завршен ,додека пак во Струга години наназад се најавува реконструкција на базенот  последно во 2019 година отогаш до сега поставена е само табла и заграден е просторот.